“Додека и покрај јасно искажаната волја на македонскиот народ, западните земји, продолжуваат со насилно бришење на идентитетот на Македонците, Каузата Македонец за Македонец, се повеќе заживува и го насочува патот на Македонецот кон борбата за Македонската Кауза!
Граѓанско здружение Македонски Аманет-Македонец за Македонец,во името на народот делува и од Канцеларијата и на улицата ,како секојдневен дел од протестите
Ултиматум, НЕ, Благодарам!!!
Со ставот, дека во времето на глобалното разнебитување на Македонија, Македонец мора да остане цврст и достоинствен во својата одбрана. Македонец за Македонец, е она што недостасува во свеста на народот.Додека светските сили се обидуваат а не разделат и стратешки поништат ,ние Македонците треба да останеме,сплотени,обединети и цврсти околу истата цел, во желбата за сопствениот опстанок.Македонија не е политичка ни партиска определба, Македонија е народ. Она што е неопходно во овие моменти, е сваќање на секој поединец, дека македонското прашање зависи токму од него. Паралелно со интензивна работа на новите проекти е и растење на ова македонско здружение,кое што офанзивно резултира со многу нови следбеници на главните пароли од истото,
Македонија е наш Аманет
Македонец за Македонец и
Македонија е Жива
Порака од Канцеларијата Македонец за Македонец е
“Не за Асимилација и насилна бугаризација! Ние сме Македонци и секојдневно тоа го претставуваме достоинствено со дело.Нашата партија и политичка определба е исклучително Македонија и во та насока делуваме веќе 4 години. Во моменти на големи политички манипулации и преврат, Каузата Македонец за Македонец, делува во полза на Македонија и Македонецот.
Македонец за Македонец не е само збор”
-соопштение упатено до јавноста од Канцеларијата Македонец за Македонец