Македонскиот режисер Јани Бојаџи ги потврди информациите пласирани во неколку интернет портали дека тој и неговото семејство се цел на прогон на полицијата.
Ова е неговата реакција објавена на негофиот профил на фејсбук:
Почитувани,
да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство. Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.
Татко ми со мислите ќе биде со сите нас!