• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Мицкоски: Ќе поднесеме резолуција до парламентот со која ќе бидат дефинирани Македонските црвени линии за преговорите со Бугарија

јули 2nd, 2021 Македонија, Политика коментари 536

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски: Ќе поднесеме резолуција до парламентот со која ќе бидат дефинирани Македонските црвени линии за преговорите со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес конференција од партиското седиште ја соопшти веста дека опозициската партија до Македонскиот парламент ќе поднесе Резолуција со обврзувачки импликации за власта со која ќе бидат дефинирани Македонските црвени линии во контекст на преговорите со нашиот источен Сосед Бугарија.

Во проедолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ:

“Европската иднина на Македонија е заглавена и закочена. Незнаењето и неодговорноста на Владата создаде нов спор и проблем во последните 3 години. Од ден на ден овој спор се продлабочува и станува се поголем. Нашата Влада секојдневно тргува со нови идентитетски обележја, историски периоди, македонски херои, македонскиот јазик.

-Секој ден нови изјави, секој ден новa непозната, нови преговори и секој ден она што е најболно за македонскиот народ нови отстапки. Оваа Влада во решавањето на спорот со Грција не сакаше да има наш, македонски државен и национален консензус. Сама без никого, без опозицијата, без другите општествени фактори донесе решенија. А тие, до ден денес и секој ден повеќе се потсетник како не треба да се постапува и како треба да се учи од грешките кои скапо не чинат сите нас. До сега оваа Влада требаше да научи дека е потребен национален и државен консензус за националните и државни прашања. Како дојде до спорот со Бугарија? Главната причина е домат пазарџиската дипломатија на Зоран Заев и Никола Димитров. Сето ова е последица на непознавањето на државните односи на Балканот и неразбирањето на последиците од секоја една постапка. Кога овој човек е соочен со проблем, тој е подготвен да ја плати најскапата цена ама на туѓа сметка, на сметка на државата, за да го сочува својот личен интерес, кој што значи власт и привилегии.

Бугарските позиции ги знаеме. Нивните црвени линии се содржани во бугарската декларација, и во ставовите соопштувани од Претседателот и Владата на соседна Бугарија. Сите зборуваат за едни позиции.

-Но кои се позициите и црвените линии на Македонија? За жал тие граници не се дефинирани. И немаме една позиција. Затоа ВМРО-ДПМНЕ вели неопходен е национален и општествен консензус. Знаеме што е она за што не смееме да отстапиме, што е тоа за што Владата не смее да преговара, и она за што не смее да се прави компромис. Конечно е време оваа Влада да разбере дека државата е на сите граѓани, и сите мораат да знаат за државните решенија. Македонија е на сите луѓе и ние мора да се бориме за тој концепт. ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи до македонското собрание Резолуција во која ќе се дефинирани македонските позиции во преговорите со нашиот источен сосед. Оваа резолуција би имала обврзувачко дејство согласно волјата на народните избраници, а врз Владата би значело оцртување во кои рамки смее таа да разговара, но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси. Во самата резолуција се содржани дефинициите и јавно, повторувам и јавно декларираните ставови на МАНУ, најстариот универзитет УКИМ И МПЦ ОА-Јустинијана Прима за јазикот и идентитетот. Она што го нудиме не е авторски текст на ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа што го дефинирале највисоките научни и општествени авторитети како заеднички државен и национален интерес.

Тој истакна дека на овој начин оставаме поширок простор за прифаќање на оваа Резолуција и од останатите политички партии во македонското Собрание.

-Очекуваме широка општествена поддршка во дефинирањето на она што е национален и државен интерес. На ова сакаме да се гледа како наш искрен однос и придонес. Оваа Резолуција не треба да биде гледана и претставена како резолуција на ВМРО-ДПМНЕ, туку резолуција за конечно поставување на државен консензус за нашата европска перспектива. Прифаќањето на оваа резолуција ќе значи и поддршка за секоја идна влада во водењето преговори и создавањето на гаранции за постигнување на квалитетни решенија кои ќе ги сочуваат нашите, само нашите посебни идентитетски обележја. Се поставува прашањето што ќе содржи резолуцијата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи во Парламентот. Во продолжение следи текстот кој што ќе биде доставен во Парламентот.

· Преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ.

· Да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, повторувам континуитет.

· Да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто:

– Македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет и свој временски континуитет.

– Македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе – вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор.

– Споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, понатаму подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам.

– Процесот за евро интеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите.

– Да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи.

– Да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност.

Наспроти се друго што сме виделе во минатото, потребно е овој пат мудро, и одговорно однесување, спрема својот народ, спрема својот идентитет и спрема нашата заедничка иднина. Оваа резолуција е документ од кој треба да произлезе национален консензус, брана за сите напади, и обиди за манипулација и ќе биде заедничкиот став на Македонија за сите, повторувам за сите важни прашања. Не е доволно да се збори за црвените линии, овој пат тие треба да се бранат. А, тоа е наша должност. Подготвен сум на дебата, на заедничка размена на мислења но и уште поважно да испратиме заедничка порака дека нашиот идентитет, јазик и историја е наше право, наша обврска која ќе ја штитиме заеднички. Воедно на овој начин ќе превенираме и други и слични негаторски аспирации кон она што за нас треба да биде суштински важно.”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Кружен тек ли е, легнат полицаец ли е? Што градат властите во Лозово сред улица
Следна објава Дали го знаете "Заев- конкретниот"? Тој што бега од дебата? Да. Тој!
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 511
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 517
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1163
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 563
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 528
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1566
Маж на денот
Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

Интересни факти за шармантниот Тео Џејмс - човекот кој најмногу им се восхитува на неговите родители затоа што одгледале 5 деца

1802
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам
Македонија

Христијан Мицкоски со честитка по повод верскиот празник Рамазан Бајрам

Јун 4th, 201919
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.