“Имаме голема обврска кон граѓаните. Довербата која ни ја дадоа треба да ја оправдаме,”
е исказ на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски даденн во рамки на неговите средби со избраните градоначалници од партијата на минатогодишните локални избори, со кој што се упатува една широка порака за неговите определби како политичар.
Покрај другите политички пораки Мицкоски пред градоначалниците избрани да го подобрат значајно животот на граѓаните, Мицкоски ја акцентираше потребата за реализација на крупни капитални инфраструктурни проекти кои што ќе бидат двигател на економската активност на државата. Покрај ваквите крупни проекти Мицкоски ја наметна и потребата за обезбедување на основните комунални потреби за граѓаните, како што се сообраќајниците, водоводните и канализационите мрежи…
Во видеото пренесено преку социјалните мрежи повеќемина градоначалници во јавност ги афирмираат своите најзначајни проекти по изминувањето 100 денови од нивниот мандат.
Погледнете за што станува збор;


