• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Мицкоски од Свети Николе: 17-ти октомври е последниот ден на пресметката со оваа тиранија и нивните слуги

септември 4th, 2021 Регион коментари 595

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Мицкоски од Свети Николе: 17-ти октомври е последниот ден на пресметката со оваа тиранија и нивните слуги

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево имаше свое обраќање на настанот за промоција на Дејан Владев како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Свети Николе на претстојните локални избори во месец октомври.

Мицкоски пред жителите на Свети Николе зборуваше за неприликите во кои што е впуштена цела држава а воедно и граѓаните на Свети Николе под власта на Зоран Заев и СДСМ во изминатите повеќе од 4 години.

Токму затоа Мицкоски го стави акцентот на претстојните избори како клучни во процесот за пад на актуелната власт.

“Ова не се обични избори, ова не се обични локални избори. Да, бираме советници, бираме градоначалник на Свети Николе, но тоа што ќе го избереме на 17-ти октомври, а онаму каде што нема да ја завршиме работата на 17-ти октомври, на 31 октомври, е практично патеката по која што бираме да оди Македонија во иднината.

Дали сакаме да останеме овде каде што сме, на дното, на дното по економијата, на дното по инвестициите, а на врвот по криминалот и корупцијата, на врвот по младите кои што се иселуваат и по белата чума која што владее насекаде во Македонија. Или сакаме да изберем просперитет, надеж и иднина за нашите најмлади, за оние средовечните, но и оние што се во поодминати години кои што веќе чекорат кон пензионерските денови.

Јас знам и убеден сум дека изборот во повеќето општини, а Свети Николе е таква општина каде ќе биде токму ова второто, надеж, иднина, просперитет. Тоа е она кое што се бориме, и тоа е она за кое што работиме целиот овој период.”

-рече Мицкоски од градскиот парк во Центарот на Свети Николе.

“За тоа 17-ти октомври е последниот ден на пресметката со оваа тиранија и нивните слуги кои што се денешна македонска реалност. А, јас ви ветувам, јас ви ветувам и ве гледам во очи дека веднаш после победата на локалните избори следува ново парламентарно мнозинство, нова Влада, и посветли денови за нашата Македонија. Денови на работа, денови на реформа, денови на благосостојба, и денови на чесни и честити луѓе кои што ќе ја поведат Македонија онаму каде што и е местото. Јас ви го ветувам тоа.

На овие избори, почитувани светиниколчани, излегуваме со јасна програма за јасна иднина. Програма каде што ќе бидат опфатени илјадници проекти на локално ниво, но ќе има и такви кои што ќе бидат заеднички за целата наша Македонија. И проекти кои што најголем дел потекнаа од вас, од народот во тие средби кои што ги имавме во нашата пред предкампања, бидејќи ако ова го оквалификувам како кампања односно нејзината предкампања тоа се прокети кои што ги слушнавме лице во лице од вас. Голем дел од тие проекти, се разбира за оние кои што имаат можности ги ставивме во програмата со која што ќе искочиме во секоја една општина, пред граѓаните и со тоа ќе се обидеме да ја добиеме нивната доверба.”

-зборуваше Мицкоски пред светиниколчани.

Тој исто така упати пораки до јавноста на Свети Николе зошто Дејан Владев треба да биде новиот градоначалник на Свети Николе:

“Дејан Владев е скромен човек кој го сака Свети Николе. Човек работник, човек со визија и план. Дајте шанса на напредокот, на иднината, на луѓето кои допрва го имаат својот збор во политиката.

На 17 октомври да свртиме нова страница и да испишеме заедно нови успеси, развој решенија и иднина за подобар живот. Затоа што животот нема враќање, и сите заедно да се бориме за она што ни е важно за нашите животи. Нашите семејства, нашите домови, нашите општини. Нашата Македонија!”

-рече Мицкоски.

Целото обраќање на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ може да го проследите во видеото во продолжение:

  • Ознаки
  • 2021
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Градоначалник
  • Дејан Владев
  • Локални избори
  • Свети Николе

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Дејан Владев пред своите сограѓани на Свети Николе меѓу другото вети целосна изградба на улиците во центарот на Свети Николе и инфраструктурен препород на селата
Следна објава Опозицијата во Штип реагира на партиските вработувања од страна на владеачката СДСМ
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 265
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 458
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 397
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 520
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 402
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 312
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1372
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 279
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 498
Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1434
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1451
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'
Жена на денот

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Авг 11th, 2018 483
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата
Регион

СДСМ не направи ништо за да ја стабилизира депонијата во с. Лески во изминатите 4 години и не знаат за начинот на третирање на истата

Апр 13th, 202226
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд
Жена на денот

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Мар 8th, 202026
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Колумна

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

Окт 29th, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.