Ракометната репрезентација на Македонија одигра маестрален натпревар од Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, откако во рамки од групата Б, нашите ракометари со позитива од еден гол ја совладаа Украина.
Нашата репрезентација овој пат на чело со одличниот Митревски не дозволи Украина да се разигра и да ја совлада Македонија.
Кире Лазаров беше херојот кој ги повлече двата бода за нашата репрезентација со гол во последната секунда од натпреварот кој заврши 26-25 за Македонија.
Следен противник на македонската репрезентација е селекцијата на Чешка.
Премиерниот натпревар на Македонија е отворен со победа.
Напред момци!!!