На покана на Алесио Николети, главен спонзор на најпознатиот швајцарскиот куп Николети, членовите на ФК “Слога 1934“ од Виница, од генерацијата 2008/2009, за првпат беа учесници на истоимениот куп кој се оддржува во градот Сарменсторф.
Членовите на “Слога“ се натпреваруваа во конкуренција на свои врсници од повеќе европски држави, или вкупно 32 екипи и имаа можност да ги согледаат сите свои предности, но и недостатоци соочувајќи се со теренска игра со многу посилни екипи.

Фудбалерите не обезбедија висок пласман, но стекнаа едно несекојдневно и интересно искуство како функционираат клубовите во западноевропските земји.
За престојот на малите фудбалери се погрижи Гоце Новоселски од Виница,кој живее и работи во Швајцарија.
