Кучко една, краво… се називите со кои воспитувачки и негователки им се обраќале на расплаканите деца во гевгелиска градинка. Детето плачело скоро два часа, а воспитачките се обидувале да го смират со морбидни , недолични зборови. Видеото е поставено на социјалните мрежи од девојка која случајно минувала покрај градинката , запрепастена од тоа што го слушала го снимила видеото. Ова не е прв пат да се соочуваме со психичко малтретирање на децата во градинките од страна на претпоставено лице. Но се надеваме дека свеста ќе почне да работи кај ваквите луѓе вработени во државни образовни институции, каде им се доверени деца.