• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Сотир Костов – ” Вистината за случувањата на Мечкин Камен”

август 7th, 2018 Македонија коментари 793

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Сотир Костов – ” Вистината за случувањата на Мечкин Камен”
Македонски алманах 2018 Во име на вистината: Да ги разобличиме лагите на политичките Дон Жуани и медиумските Минхаузени Илинден, Господово лето 2018та година. На Мечкин Камен зборува Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов. Претседателот зборува за важноста на Илинденската епопеја и Крушевската Република, тој духовен вруток и двигател и историски мит, но и реалност на револуционерната борба за слобода на македонскиот народ и независност на македонската држава. Ја потенцира големината на 1994та година, државотворноста на АСНОМ и одлуките донесени на тоа историско заседание, кои се отелотворување на 1903 година и наша историска победа. Во една реченица кажано Претседателот не потсетува на традициите на Крушевската Република, ни укажува на важноста на одлуките на АСНОМ и големото значење на референдумот од 8ми септември 1991 година, кога македонскиот народ се одлучи за самостојна, суверена и независна држава Република Македонија. Знаеме, или поточно видовме дека на овогодишната прослава на државниот празник Илинден на Мечкин Камен, но и не само на Мечкин Камен, туку и на Гумење, пред и во Македониумот, и на месноста Слива, каде исто така се има случена голема битка, во која 50тина востаници, предводени од војводите Ѓорги Стојанов и Диме Смугрев, пристигнаа голем број на делегации и гости од Македонија и странство, граѓани кои живеат во Република Македонија и Македонци од македонските заедници ширум светот. Факт е дека при пристигнувањето на делегациите и гостите на Мечкин Камен, еден дел од нив од присутните граѓани на прославата беа пречекани со свирежи, негодувања и извици ‘’Уааа…’’. Тоа се однесува само на делегацијата на Владата на Република Македонија, предводена од потпретседателот Кочо Анѓушев, делегацијата на Собранието на Република Македонија, еден дел од амбасадорите на меѓународната заедница и делегацијата што ја предводеше Љубе Бошковски. (И колку да се знае: не негодуваа, свиркаа и викаа само навивачките групи, туку и членовите на македонските патриотски здруженија, на граѓанските здруженија, на македонските заедници од светот и граѓаните од Крушево, Прилеп, Битола, Куманово, Струмица, Скопје, Охрид, Струга, Неготино, Тетово, Демир Хисар, Кочани, Вевчани, Валандово, Кичево, Штип, Валандово, Гевгелија, Велес, Тетово, и од другите градови кои беа присутни на прославата, што може да се виде од снимката. И сега, тие сите ли се фашисти, националисти, криминалци? Да не се многу?) Од тој момент навредените свекрви и натажените невести од Владата и Собранието, во содејство со нивните спин доктори, вампират во ‘’режисери’’(Манчесвски, Анѓушев) и ‘’глумци’’(Останатите членови на делегациите, Љубе Бошковски, градоначалникот на Крушево), прават сценарио за ‘’кризна состојба’’, го впрегнуваат хорор-новинарството, што го контролираат, и се обидуваат да влијаат на публиката. Ајде сега да видиме како точно и конкретно се одвиваа работите на Мечкин Камен: Прв што провоцираше и ја вжешти атмосферата (метафорично кажано го отвори балот на вампирите) беше токму Љубе Бошковски кој на свирежите и негодувањето од сите присутни, најпрвин отпоздравуваше со дигната рака, потоа се упати до едни претставници на едно македонско патриотско здружение и откако не беше прифатен од нив се врати на патеката по која се движеше делегацијата, се заврти кон народот, се смееше и се кезеше неприродно. Втора провокација е непочитувањето од страна на делегациите на Владата и Собранието на РМ, како и претставниците на политичката партија СДСМ, кон Илинденско-Комитската поворка која поминуваше пред делегациите и гостите, при што сите станаа и ја поздравија, а само наведените седеа и не покажаа почит (до тој момент, македонските патриотски здруженија, навивачките групи и граѓаните пееја револуционерни песни, а откога ја видоа не почитта кон поворката, комитите, војводите и историјата, тие им вратија со свиркање и скандирање, кога ги читаа делегациите за полагање на цвеќе, што не им се бендиса). Трета провокација е недоличното однесување, непримерните гримаси и срамните гестикулирања на Љубе Бошковски и одредени членови на напред наведените делегации за време на говорот на Претседателот Ѓорге Иванов. Четврта провокација е набрзина, на две на три организираниот прес од страна на Манчевски, веднаш по завршувањето на говорот на Ѓорге Иванов, и изрекувањата на однапред подготвените и смислени, некултурни, и политички непримерни квалификации за штотуку завршениот говор на Иванов, при што го етикетираа со недостојни квалификации кои воопшто немаат врска со ниту еден дел од неговиот говор. Фактички, оттука почнаа лагите за прославата на Мечкин Камен и спинувањата за тоа што навистина се случи. Петта провокација е напуштањето на манифестацијата која се уште траеше, од страна на делегациите на Владата и Собранието на РМ, вклучително и Љубе Бошковски, градоначалникот на Крушево и претставниците на политичката партија СДСМ. Тоа предвремено напуштање на манифестацијата го револтираше присутниот народ, кој повторно им свиреше и им извикуваше “Уааа предавници“. Ова негодување на гестот нивни за предвремено напуштање на прославата траеше се до нивното влегување во автомобилите. Во тој момент беа фрлени и две празни пластични шишиња кон нив. И последна провокација е недоличното, предизвикувачко и провокативно однесување на Љубе Бошковски пред хотелот Монтана Палас, на што му реагираа неколкумина од присутните граѓани а тој потоа се обиде тоа да го претстави како физички напад врз него. Ајде да видиме што се случуваше со останатите гости: тие останаа до крајот на прославата (меѓу кои беа Палмер, Бејли и сите присутни амбасадори), станаа со Претседателот Иванов и заедно го напуштија Мечкин Камен (За тоа каква слика виде, какво расположение и каква атмосфера почувствува Метју Палмер на Мечкин Камен, како и кои се причините за тоа, во следната прилика). Притоа со аплауз беа поздравени и испратени од Мечкин Камен. И уште нешто: Ако имаше барем 1% од тоа што го режираа режисерите, го зборуваа актерите, а го пренесоа хорор – медиумите, тогаш како е можно Палмер и Бејли до крај да останат на прославата, со аплауз и стоење да им оддадат почит на коњаниците и на крај да присуствуваат на приемот на Иванов во хотелот Монтана Палас? Кој кого тука мами? И кој кого манипулира? Толку за тоа што се случи. И да се знае: Македонскиот народ не е ретардиран. Колку и да се крие или извртува вистината од народот, колку и да биде лажен народот, тој знае и може сам да размислува и проценува, што е што, кој е кој. Инаку, на Мечкин Камен ја видов нечестивоста на политичките режисери(Манчесвски, Анѓушев, и преку римоут контрол на Заев) и интелектуалната неспособност на политичките глумци(Љубе Бошковски, градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, и членовите на владината и собраниската делегација. Следува втор дел.
– Сотир Костов

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Морбидно видео од градинка во Гевгелија
Следна објава Тања Каракамишева - " Демонтирање на системот и државата е целта на договорот"
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 157
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 149
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 165
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 706
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 174
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 213
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 55
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 127
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 154
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

254
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1548
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Имиња запишани во Македонската вечност со златни букви: 20 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ─ „СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА…“ ─ СПОДЕЛЕТЕ
Македонија

Имиња запишани во Македонската вечност со златни букви: 20 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ─ „СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА…“ ─ СПОДЕЛЕТЕ

Апр 28th, 202119
Причините за застојот на работата на собранието се одговорност на власта
Политика

Причините за застојот на работата на собранието се одговорност на власта

Сеп 7th, 202019
Најава за 37 издание на Макфест Штип
Регион

Најава за 37 издание на Макфест Штип

Окт 18th, 202218
Македонскиот историчар Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка на членството во мешовитата Македонско-бугарска комисија
Македонија

Македонскиот историчар Ванчо Ѓорѓиев си поднесе оставка на членството во мешовитата Македонско-бугарска комисија

Окт 22nd, 202118
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.