Локалниот огранок на Левица од Делчево со цел за одбележување на победата над фашизмот во Втората Светска Војна заедно со левичарскиот институт Рацин во кино салата во Делчево организираат проекција на филмот “Битката на Севастопол”.
“По период на тешки страдања, огромен број на човечки жртви и денови на заробеништво кои со себе ги понесе Втората Светска Војна, месецот мај значеше светла точка и пресвртница. Пресвртница која светот ја почувствува во 1945-та година, со потпишување на капитулација на нацистичка Германија и официјален крај на грозоморните настани и на самата Втора Светска Војна.
Со цел свечено одбележување на победата над фашизмот, ЛО Левица Делчево заедно со Левичарскиот институт Рацин ќе одржи проекција на филмот “Битка за Севастопол” во Делчево; украинско-руски игран филм, во режија на Сергеј Мокрицки, снимен во 2015 година.
Во него се раскажува судбината на легендарната жена снајперист од 25-тата дивизија на Црвената армија, Поручник Људмила Павличенко, која е херој на Советскиот Сојуз како најефикасната снајперистка во Големата патриотска војна и нејзиното учество во одбраната на Севастопол.
Проекцијата ќе се одржи во Кино салата во Делчево, на ден 25.06.2022 година, од 18:00 часот.
Ве покануваме на проекцијата на филмот и заедно да се потсетиме на вредностите кои нашите предци ни ги оставија борејќи се во НОБ.
ВЛЕЗ: Бесплатен”
стои во соопштението упатено до јавноста во врска со овој настан