Македонска Каменица, 07.06.2022 година – Општина Македонска Каменица упатува
Соопштение до граѓаните дека во среда, на 08 јуни 2022 година, во доцните вечерни часови ќе биде спроведено терастично третирање против комарци во централното градско подрачје на вкупна површина од 200 хектари.
-Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, соопштуваат од Општината.
При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе се одложи за следниот поволен ден.
Извор: Општина Македонска Каменица