Како дел од неговите политички определби за постојана и интензивна комуникација и соработка со граѓаните, Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев и во новата година најави директна соработка и комуникација со сите граѓани во насока за надминување на сите проблеми и сите предизвици за подобрување на стандардот на жителите на Свети Николе.
“Се известуваат сите жители на Месните заедници при општина Свети Николе , дека после согледувањето на фактичката ситуација во која се наоѓа општина Свети Николе и поднесените проекти за реализација во наредниот период , Градоначалникот Дејан Владев со неговите соработници ќе започнат со непосредна средба со сите жители на Месните заедници во цела општина, каде директно ќе се разговара за сите проблеми со кои се соочуваат жителите и наоѓање начин за нивно решавање.За времето и местото на одржување на овие средби жителите ќе бидат јавно и навремено информирани за да бидат масовно посетени.”
-соопшти преку социјалните мрежи Градоначалникот на Свети Николе Дејан Владев.