• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 Македонска бесмртност коментари 384

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

Македонското востание (во македонската историографија познато под името Кресненско востание, а во бугарската историографија познато под името Кресненско-разлошко востание) е востание на македонскиот народ против отоманската власт кренато на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година во селото Кресна, во долината на реката Струма во Пиринска Македонија. Самите настани во Големата источна криза (1875-1881) година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија. Револуционерниот дух кај Македонскиот народ се повеќе раснел особено по востанието во Босна и Херцеговина и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна. Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија но останување во рамките на Османлиската империја.

Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 109 турски војници.

По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско. Настанала голема слободна територија.

Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички водач го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов. Кресненското востание било прв судир помеѓу македонското револуционерно движење и Бугарија. Очигледното мешање во политиката на востанието и водењето на борбата и спроведувањето на своите зацртани планови на бугарските комитети довеле до големи недоразбирања и судири со македонските востаници и револуционери.Првиот судир се случил уште при борбите за ослободување на Кресна, помеѓу македонскиот војвода Стојан Карастоилов и рускиот офицер во бугарска служба Калмиков. Иако судирот бил од воено – тактички карактер сепак тука за првпат се судриле и целите и плановите на македонските револуционери и бугарските комитети. Подоцна судриот помеѓу двајцата странци Калмиков и Војткевич ќе предизвика толкаво незадоволство кај македонското раководство што Димитар Поп-Георгиев Беровски ќе напише доста остро писмо во кое го осудува самоволието и мешањето на Софискиот и Џумајскиот комитет во Македонското востание.

Главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци – учители, трговци, свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски и познатиот македонски револуицонер учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски кој две години претходно бил главен водач на Разловечкото востание, познатиот македонски војвода од тој период Стефо Николов, познатиот македонски револуционер од тоа време поп Коста (Буфски) од с.Буф-Леринско и неколкумина македонски војводи.

Споменик на Димитар По Георгиев Беровски на плоштад Македонија во Скопје

Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието ќе имаат и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети Единство, кои ги организирале мирните но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес кои имале главно негативен карактер во однос на Санстефанскиот мировен договор кој во целост бил во корист на Бугарија. Најважни од нив биле Софискиот и Џумајскиот комитет кои всушност играле и раководна улога во востанието.

При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци – Македонци-ополченици во Бугаријакои по завршувањето на војната останале таму. Меѓутоа искуствата покажале дека за да успее востанието требало да се исползуваат чети од Македонија кои веќе ги крстосувале македонските планини, чети познати на народот, чети кои ќе ги имаат идеалите за слобода на Македонија и чети кои немаат никакво влијание од соседните држави (Бугарија, Србија, Грција).

Кон крајот на септември 1878 година Софискиот благотворителен комитет во Ќустендил го испратил Луј Војткевич (Полјак) со голема чета од 300 души за да се префрли во Македонија. По краткотрајна вооружена борба, четата била разбиена од турскиот аскер и Луј Војтеквич се вратил назад во Софија по нови инструкции.

Истиот месец Адам Калмиков (Козак од Украина) со голема чета доброволци се обидел да влезе во Македонија но и неговиот обид ќе биде неуспешен поради тоа што неговата чета целосно била разбиена од турскиот аскер. Подоцна овие двајца ќе бидат поставени од комитетот Единство со раководни функции во востанието.

На состанокот одржан на 8 септември во Рилскиот Манастир, свикан од Натанаил на кој присуствувале и Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Дедо Иљо Малешевски (Марков) било решено да се повикаат сите чети кои дејствувале недалеку од демаркационата линија да се приближат до Горна Џумаја. На повикот се одзвале повеќе чети и во Горна

Џумаја се одржало советување со војводите за востанието.

Токму на ова советување било прифатен предлогот на еден од поистакнатите војводи Стојан Карастоилов, востанието да започне со нападот на Кресна. Тука било прифатено со нападот да раководи Стојан Карастоилов.

Иако во целост подготовките за востанието биле во раководени од македонските војводи, сепак комитетот Единство како главен иницијатор на востанието (иако сакал востанието да изгледа како дело на Македонија), неможел да допушти целото востание да се одвива во рацете на македонските војводи и Македонците. Затоа по нивното барање командата на востанието му била доверена на офицерот на руската армија козакот Калмиков.

Востанието започнало на 17 октомври (5 октомври по стар стил) 1878 година со нападот на Кресненските анови во кои била сместена турската војска. Во нападот учествувале 400 востаници и многу селани од околните села. При самиот напад на турскиот гарнизон на востаниците им се предале 119 турски војници.

По ослободувањето на Кресна востанието се проширило во околината и подалеку во Мелничко, Беровско, Делчевско, Демирхисарско. Настанала голема слободна територија.

Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички водач го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов.

За ова Поп-Георгиев Беровски уште на 20 октомври (8 октомври, стар стил) го известил Џумајскиот комитет и се потпишал како началник на штабот на македонските востаници:
До Добротворниот комитет во Џумаја! Господин К. Бошков!

Вашето писмо од 6 овој месев (бр.7) го зедов исправно. На 7 овој месец, вчера, Турците нападнаа на нашите стражи во село Влахи, ги разбија и изгореа околу 20 куќи. Ние ги одбивме турците, убивме 4 од нив и нивниот јазбашија. За ранетите не се знае, битката продолжи 13 часа, го изгоревме турското село Грнчар. Вам ви пишувам за да ги известите другите комитети дека востаниците го одбраа Г-на Адама Јованаовича (Калмиков), наименуван од востаниците, за атаман. Мене, Димитрија П. Георгиев за началник на Штабот, Героги Михајлов за помошник на Штабот, благајник и одговорен за оружјето. За прв војвода Стојан Карастоилов од четата Губернатор Тухолка, за втор војвода Коста Георгиев од четата Каравелов, за трет војвода Стојо Торолинко од четата Алабин, за четврти Крсто Аризанов од четата Домонтови…

– Ве поздравува Началникот на Штабот на Македонското востание Д. П. Герогиев, с. Влахи, 8. X. 1878

Веднаш по востанието било формирана полициска управа. Во сите ослободени места била воспоставена народна власт, а народот без разлика на националната и верска припадност (Македонци, Турци, христијани, муслимани) бил целосно ослободен од сите даноци.

До Џумајскиот македонски комитет! Господин К. П. Василков!… Во Кресна се формира Полициско раководство кое ќе има грижа да собира војници од заземените места, да собира данок од неспособните за војска, да ги гони бегалците, да го варди редот и спокојството на населението и друго. Погрижетесе се вие да испратите во таа полициска управа еден поопитен писар со плата кој ќе воведе ред.

Во ослободените места не биле забележани протерувања, убиства и изживувања врз турското муслиманско население. Македонското население од сите ослободени места со големо воодушевување го помагало востанието не само преку човечка сила (одење на селани во востаници) туку и преку давање на жито, земјоделски производи, резерви на храна и облека, а подоцна и преку давање засолништа на востаниците.

Задачи на полициските стражи биле:

1. Да се грижат за собирање на војници од ослободените места
2. Да собираат данок од неспособните за војска
3. Да располагаат со востанички имоти, да одземаат и доделуваат
4. Да набавуваат оружје, муниција и секакви воени материјали
5. Да ги проследуваат, фаќаат и предаваат на Востаничкиот штаб избеганите востаници
6. Да се ограничи влегувањето на секој особено на оние што се од Турско
7. Да се грижат за мирот на населението во слободните места, строго да ги проследуваат арамиите и строго да казнуваат виновниците
8. Да ја извршуваат секоја писмена наредба на Востаничкиот штаб

Раководството презело мерки и за орагнизирање на регуларна војска:

До македонскиот џумајски добротворен комитет!

Го примивме вашето писмо од 17. X. 1878 година. Ги примивме и 60 пушки калпаклии, шест и пол товари куршуми и 16 шинели. Работите одат досега добро. Во селата Игралишта, Добрилаќе и Гореме се определија за постојано како регуларна војска 400 души да стојат готови за секој случај и тие преку секој десет ден ќе се сменуваат. По овој начин сето населние ќе се држи на постојана внимателност и да биде воружено за борба. Сите селани им го поставивме за капетан Златко. Тој ќе е како судија и ќе седи во с. Цапарево (Петричко). Во секое село селаните се прибраа од колибите и со нивно избирање определивме старешински совети што ќе се грижат за храната на востаниците и на војниците од три села…

– Ве поздравувам и сум ваш Д. П. Герогиев, 20. XII. 1878

Правила на Македонскиот востанички комитет

Уште во почетокот на востанието биле изработени Правила на Македонскиот востанички комитет или Привремени правила за организација на македонското востание.
Правилата преставувале законодавен акт за време на Востанието, а со нив биле регулирани целиот социо-економски и општествено-политички живот и на востаничките територија и сили но и на целата територија на Македонија. Кон крајот на Декември 1878 година Правилата биле преработени и по обем и содржински. Наместо поранешните 232 члена по преработката имале 211 члена. Во уводниот дел се истакнуваат причините за востанието и било истакнато дека:

“Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистични цели од страна на големите сили и е оставена на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу кравави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може, станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеваме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонска војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: Слобода или смрт! Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијушите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме нашата татковина Македонија„

Според уставот, во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), и се залага за ослободување на Македонија (член 4).

Македонската национална идеја во уставот е целосно присутна: зацртано е ослободување на цела Македонија и формирање една држава. Според уставот востанието требало да се прошири во сите делови на Македонија (Член 125), а биле формирани чети во Костур, Тетово, Скопје, Горна Џумаја, Велешките области (Член 130).

Во член 15 од уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати… За Бугарите се вели дека се словенски браќа, (чл. 186), но биле непријателски настроени кон востанието, според член 132.

Според ова се гледа дека востанието имало македонски општонароден карактер. Зацртаната цел за ослободување на Македонија и создавање на независна држава и подоготовката на чети во повеќе краишта во Македонија го потврдуваат силниот македонски стремеж за слобода, но и силната национална свест на Македонците дека се Македонци, посебен народ на Балканот!

Акт за организациската поставеност на Македонското (Кресненско) востание од 1878 година, со кој се регулираат должностите на Штабот, на началниците и на востаници.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Јорданов не седи мирен ни во недела. Асфалтиран нов паркинг простор во населба Сењак во Штип
Следна објава Говор кој треба да го слушнат сите оние за кои борбата за Македонија никогаш не завршува
Може да Ве интересира:
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 639
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 771
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 418
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 405
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 668
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 431
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 733
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 404
И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти
Историски личности

И денес времињата не се нешто многу поразлични: На денешен ден се убиени 5-те струмички студенти

август 13th, 2022 399
Жена на денот
Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

Најмладата добитничка на Нобелова награда за мир и нејзините инспиративни совети кои со сигурност ќе ве натераат да размислувате

678
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1781
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 2019 2783
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист
Магазин

Змеј гуштер фатен како свири гитара на лист

Јул 4th, 201917
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.