Во текот на вчерашниот ден градежна механизација на фирма изведувач асфалтираше нов паркинг простор помеѓу колективни станбени згради во населбата Сењак во Штип.
На ваков начин жителите на овие станбени објекти добиваат подобри услови за живот во нивното секојдневие и помалку кал и прашаина во нивниот животен простор.
“Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата и реализација на проекти во секоја населба во Општина Штип. Жителите на населба Сењак добиваат уреден и асфалтиран паркинг простор пред влезовите на станбените објекти.”
-информираше градоначалникот Иван Јорданов во врска со овој проект.