На денешен ден 26.03.2018 година почина Симеон Иванов- Канго, кој во јавноста е познат како музичар, гитарист, поет, сликар и основач на културното движење „Мактеон“.
Негов вечен идол беше светски познатиот гитарист Џими Хендрикс Почетоците на Канго на музички план датираат уште од 1965 година гока започнува со својит музички ангажман своевидна музичка но и поширока културна револиција во неговиот роден град Кочани и пошироко во Источна Македонија. Во времето кога следбениците на рокенролот можеа да се избројат на прсти тој беше автентичен предводник на повеќе генерации рокенролери.
Музиката како повод всушност беше причина за нешто подлабоко и посуштинско кое доведе до еволуција на духот на цели генерации млади луѓе.
А во првата “борбена” линија на тие позитивни вибрации од чија ренесанса се роди цел еден нов вредносен систем беше токму Канго.
Симено Иванов Канго е роден на 2 ноември 1951 година.
По завршување на основното и средно образование во неговиот роден град тој дипломира на Правниот Факултет во Скопје.
Во својот музички и поетски полет Канго издаде седум музички албуми:
„Воскреснување“ (1991),
„Вознесување“ (1994),
„Реинкарнација“ (1995)
„Вдахновение“ (1996),
„Проповеди“ (1997),
„Проповеди“ (1998) кој е компилација од најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера.
Кон крајот на 2007 година излезе седмиот албум наречен „Откровение“
Исто така Канго е писател и на четири стихозбирки
„Воскреснување“ (1988),
„Вознесување“ (1989),
„Вдахновение“ (1990) и
поемата „Распетие“ (1997) .
Тој над 20 години беше и сопственик на училиште за рокенрол, каде под негово туторство поминаа повеќе генерации на млади таленти и надежи.
Целото негово творештво беше проткаено со огромна љубов кон Македонија.
Нека му е вечна слава.
РОК ПРО-РОК
На крајот; после илјада свирки
по безброј кафани, села и градови,
после незнаени стихови и песни
Препбразби доживеав, вознес и падови
Сега пророштвото се остварува бесно!?
Китарата на Орфеј ми е оружје и порок,
само не знам дал проповедник станав,
искушение на судбината или Рок-Пророк
Канго



