Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во своето гостување во дневникот на Македонската телевизија зборуваше за акцијата на полицијата за откривање на незаконски активности при делењето на социјални пакети од страна на активистио на СДСМ во Струмица.
“❗ Денес гостував во вестите на Македонската телевизија. Во изјавата давам одговор на новинарско прашање поврзано со видеата кои беа објавени на социјалните медиуми, а на кои се гледа лица кои делат пакети – донација во Струмица.
✔️ Во конкретниот случај станува збор за редовно постапување на полициските службеници во вакви случаи и доколку постојат елементи на сторени кривични дела истите ќе бидат процесирани до Основното јавно обвинителство.
✔️ Од страна на ОЈО Струмица дадени се насоки за преземење на активности со цел идентификација на лицата, но и утврдување на потеклото на донацијата, критериумите за делење, начинот, но и дали се побарани одредени противуслуги од лицата кои се приматели на донацијата.
✔️ Дополнително, Секторот за внатрешни работи од Струмица презема мерки за соодветно санкционирање на лицата во видеото кај кои е забележано дека не ги почитуваат одлуките на Владата за употреба на заштитна опрема, држење дистанца и групирање.”
-напиша на фејсбук Наќе Чулев.