Реализацијата на проектите за реконструкција на најфреквентните сообраќајници во Штип е на високо ниво во агендата на градоначалникот Иван Јорданов. Во догледно време целосно ќе биде заокружена реконструкцијата на улицата покрај црквата Св. Никола, со што граѓаните кои гравитираат во овој дел од Штип ќе добијат значително подобри услови за сообраќај.
“Уште една критична сообраќајница во нашиот град, ќе се реши во рекорден рок!
Првата фаза, од т.нар. Огледало до црквата Св. Никола е веќе започната, благодарение на Јавното Претпријатие за државни патишта.
Општина Штип и ЈП Стипион ќе работат на втората фаза од проектот, со тоа што ќе ја уредат со ново сообраќајно решение крстосницата која продолжува кон мостот, со модерен и квалитетен кружен тек, со кој ќе се намали ризикот за сите учесници во сообраќајот.”
-истакна градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов во врска со реализацијата на овој значаен проект за штипјани.