Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во јавноста обелоденува информации за вистинските причини зошто актуелната власт не сака да го донесе законот за јавно обвинителство.
Дополнително Јанушев најавува дополнителни информации кои ќе бидат обелоденети во текот на периодот пред нас во врска со наводни злоупотреби кои што актуелната власт и поширокото семејство на Зоран Заев ги прави со производството на марихуана.
Во продолжение во целост го пренесуваме ставот на Игор Јанушев упатен во јавноста во врска со ова прашање:
“Има многу причини зошто криминално-рекетарската банда на власт одбегнува професионален закон за јавно обвинителство, но еве јас ќе се задржам на една.
Никој од обвинителството во моментов не се занимава со бизнисот со марихуана каде јавна тајна е дека семејството Заеви и ним блиски луѓе се длабоко навлезени. Што би се рекло, тие го држат пазарот. Истовремено, неколку пати по ред во собранието се турка закон за проширени овластувања во однос на бизнисот со марихуана каде личен интерес имаат Заеви.
Да не заборавиме дека едно од лицата во Србија, Колувија, кој е бизнис партнер на човекот што го градеше Глобал, во соседната држава е уапсен за нелегално производство на марихуана. А, кај нас ниту еден државен орган не најде за сходно да ги провери плантажите кои во Македонија ги работат бизнис партнерите на кланот на власта.
Да се задржам на поентата, на Заев не му одговара закон за јавно обвинителство, меѓудругото, токму за да може да цвета бизнисот со марихуана и тоа да врви непроверено, а и неказнето.
Оваа недела ќе се дознае многу повеќе за тоа што има зад сцената со бизнисот со марихуана каде се “лепливите раце” на Заеви и зошто толку многу криминално-рекетарската банда на власт турка вакви решенија.
Како беше она “тик-так” …”


