Општина Лозово да биде општина без депонии… и сето тоа во функција на здрава и чиста животна средина за граѓаните на Лозово но и подобрување на репрезентативниот изглед на јавните простори во општината е главен приоритет на градоначалникот Бошко Цветковски и неговата општинска администрација и надлежни локални институции.
Исчистената дива депонија во т.н. Нова Населба говори за посветеноста на градоначалникот за исполнување на неговите ветувања и визија, но и предупредува за сите неодговорни граѓани дека ваквата досегашна пракса на создавање на диви депонии во иднина нема да се толерира од страна на наделжните.
“Расчистена уште една затекната дива депонија во близина на домовите на граѓаните во Нова Населба.
Општина Лозово без депонии, како предуслов за создавање чиста и здрава животна средина за сегашните и идните генерации – е мотото под кое на неколку локации во општината се одвиваат и ќе се одвиваат активности за расчистување на дивите депонии.
Локалната самоуправа апелира до сите граѓани и да го фрлаат отпадот само на точно утврдените места – во корпите за отпадоци и контејнери, а не на јавните површини, со што придонесуваат кон создавање на диви депонии, во спротивно, секој што ќе биде затекнат ЌЕ БИДЕ САНКЦИОНИРАН согласно Законот за управување со отпад!!
п.с.Ветивме ПРОМЕНИ-Реализираме Промени“
-информираше градоначалникот Бошко Цветковски во врска со овие активности на локалните општински власти во Лозово.