Денеска од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, портпаролот на опозицијата ги разобличи лагите на Зоран Заев кој на најбезобразен начин лажеше во петокот во Македонскиот парламент во врска со наводното неменување на името на Република Македонија.
На сличен начин Зоран Заев лажеше на митингот во Делчево пред делчевчани во 2016 година пред одржувањето на Предвремените парламентарни избори за неменување на Уставот на Република Македонија.
Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од прес конференцијата на Наум Стоилковски:
Неверојатно со каква леснотија човекот продолжува да лаже и тоа во Собранието на Република Македонија, да ги лаже пратениците, избраниците на народот, истиот народ коj не успеа да го излаже на референдум. И тоа го прави во исто време кога поднесува амандмани каде името Македонија се брише 288 пати во Уставот. Заев продолжува со манипулациите за измените на Уставот во чиј што текст повеќе нема да смее да се употреби Република Македонија, ниту пак некаде ќе смее да се употреби Република Македонија, ниту придавките кои произлегуваат од Македонија, како Македонски, Македонско, Македонска. Се менува идентитетот, се менува инстуционалниот идентитет со кој што се идентификуваат граѓаните, се менува културата. Зоран Заев го менува минатото,ја брише ИДНИНАТА на Република Македонија!
Почитувани,
Има многу причини зошто Договорот од Преспа е капитулантски и противуставен, и тоа не е само затоа што граѓаните го отфрлија на референдум. За тоа се свесни и во кабинетот на Зоран Заев, до толку што Министерството за правда се иззема од уставните измени и како надлежен претставник го става министерот Никола Димитров како шеф на МНР што е до сега невидена практика. Измени на Уставот СЕКОГАШ предлага Министерството за правда, но овој пат министерството одлучи да избега.
Ваквите измени би биле само почеток, бидејќи многу од прашањата уредени во договорот, во капитулацијата не се опфатени со уставните измени. На пример, што ќе се случува со придавките македонско/македонска/македонски, кои согласно чл. 7 од Договорот мора да бидат дообјаснети. Исто така и кај македонскиот јазик мора да има објаснување како што стои исто во чл. 7, точка 4 од Договорот од капитулацијата од Преспа.
Почитувани,
Граѓаните го кажаа своето вртејќи грб на капитулантскиот договор и на штетноста на оваа донесена власт за една намена. Од Зоран Заев не може да се очекува ништо повеќе од поддршка, заштита и поттикнување на криминал и продажба на националните и државни интереси во замена за бегство од правото и правдата.
Крајно време е оваа власт да замине. Република Македонија победи на референдумот, Република Македонија ја порази оваа насилничка, криминогена и капитулантска влада!
Време и е да замине!