Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Пробиштип со реакција до јавноста реагираат во врска со несакани случувања кои што ги спроведувала ВД Директорката на Центарот за социјални работи во овој град во нашиот регион.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ во врска со овој случај:
“Почитувани сограѓани,
сметаме дека сме должни да ги информираме жителите на нашата општина за тоа што се случуваше во изминатите денови со центарот за социјална работа во Пробиштип.
Како прво, во текот на последните 2 недели ВД директорката на центарот за социјална работа С.П. се наоѓа на боледување веднаш непосредно по формирањето на техничката влада, со тоа што прави прекин од еден ден и потоа пак на боледување од причини познати само нејзе. Во меѓувреме за волја на вистината во исто време во повеќето градови низ државата директорите исто така во истиот термин се на боледување. По ваквата состојба, а со цел непречено функционирање на центрите со оглед на тоа што тие пред се сè во служба на граѓаните, Министерот за труд и социјална политика на ден 22.01.2020 година донесува решение со кое ја разрешува ВД директорката С.П., а ја назначува Анета Томева за ВД директор на центарот за социјална работа.
На ден 23.01.2020 година Владата на Република Македонија ги поништува решенијата на министерот и ги прогласуваа за неважечки. Дали оваа одлука е исправна или не тоа допрва треба да го видиме, но затоа дополнително ќе дадеме информација кога надлежните институции ќе се произнесат.
На ден 24.01.2020 година Министерот за труд и социјална политика повторно носи нови решенија за разрешување и назначување на ВД директор и до моментот на ова известување со валидно решение на министерот за труд и социјална политика, Анета Томева е назначена за ВД Директор.
На ден 24.01.2020 година поранешната ВД директорка С.П. се враќа на работа и прави опструкции и пречки во нормалното функционирање и врши мобинг врз вработените со тоа што замислете ,,НЕ ГО ПРИЗНАВА РЕШЕНИЕТО НА МИНИСТЕРОТ! БРАВО ЗА САМОВОЛИЕТО!
Ние поставуваме прашање пред кого одговара ВД директорот на центарот, дали пред министерот за труд и социјална политика или пред Владата. ВД Директорот С.П. дури оди дотаму што дава лажна изјава дека не била известена дека е разрешена, а за волја на вистината на официјалниот службен е-маил до сите центри каде има разрешени и назначени вд директори на 23.01.2020 им се испратени решенијата со што се официјално известени, а дополнително истите во оригинална форма се заведени и архивирани во центрите. Дали треба да ја потсетиме ВД директорката С.П. која впрочем замислете е правник по професија дека давањето на лажна изјава е кривично дело како што е и злоупотребата на службената положба и непостапувањето и неизвршувањето на решение на министер. Овде мора да истакнеме дека директорот на центарот за социјална работа одговара пред Министерот за труд и социјална политика и е должен да постапува по неговите инструкции и решенија, а дали донесените решенија на министерот се исправни или не е има институции кои ќе одговорат на тоа прашање. Но, во меѓувреме валидно решение е решението кое е донесено се до неговата промена или евентуално повторно поништување.
Почитувани сограѓани во оваа држава има закони и ред на нештата, па така мора да нагласиме дека:
❗️Во член 186 од Законот за социјална заштита е нагласено дека Директорот на јавната установа основана од владата цитираме ,,ГО ИЗБИРА И РАЗРЕШУВА МИНИСТЕРОТ,,
❗️Во член 186 од законот за социјална заштита точка 4 е наведено дека Директорот на јавната установа мора да има 5 години работно искуство по дипломирањето, а во член 187 гласи ако навреме не се избере директор во јавната установа за социјална заштита основана од владата министерот назначува вршител на должноста директор кој треба да ги исполнува истите услови како за избор на директор. Овде го поставуваме прашањето дали ВД директорката С.П. го исполнува овој услов и дали е законски поставена за директор.
Почитувани сограѓани,
ние не можеме да предвидиме што ќе се случува утре, можеби Владата повторно наместо да се занимава со многу побитни прашања повторно ќе троши непотребно време за поништувања на решенијата на Министерот повикувајќи се дека е согласно Законот за Влада за организација на изборите, но го заборава предвид фактот дека изборите сеуште не се распишани и поради тоа кажавме дека ќе се произнесеме дополнително, но со сигурност знаеме дека и Владата и сите чинители под неа кои се партиски поставени во ниту еден момент до сега не покажаа професионалност и чувство за подобрување на благосостојбата на граѓаните, туку само САМОВОЛИЕ.
,,ЗА ЖАЛ ТОА Е НИВОТО НА СДС. СТОЛЧИЊАТА НЕ ИМ СЕ ДАВААТ, МИСЛИШ ОД ДОМА ГИ ДОНЕЛЕ И ВЕЧНО ТРЕБА ДА СЕДАТ НА НИВ,,”


