“Власта ни демонстрира неспособност во секој сектор!
Всушност, постојано ни докажува дека не може да се справи и со најелементари работи!
Прва регистрација на возило во Штип, не може да се направи!
Оние физички и правни лица кои деновиве се обиделе да извршат прва регистрација на возило, се увериле дека тоа е невозможно, поради неспособноста на МВР! Споменатата институција не била ажурна, навреме да набави регистарски таблички, па деновиве од тоа имаат последици сите оние кои имаат ваква неопходност. Тоа значи дека сите оние кои набавиле нови возила или пак ги изгубиле или оштетиле постоечките таблици, немаат можност да го направат тоа, поради, пак ќе повторам, немањето на залиха на регистерски таблички во МВР!
Замислете, ненавременото објавување на тендерот за патни исправи не беше доволна лекција за овие трули власти, па сега повторно се докажуваат во областа на регистерските таблички.
Вакво дно од неспособност треба што побрзо да ги напушти институциите, пред сѐ за доброто на сите граѓани!”
-интегрален текст на прес конференцијата на Видат Лазарев од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.


