Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ обраќајки се од говорницата на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур им упати јасна и гласна порака на негаторите на Македонските идентитетски обележја од соседна Бугарија кои што ја блокираат европската перспектива на Република Македонија.
“Ние знаеме кои сме, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ
ЗНАЕМЕ КОЈ ЈАЗИК ГО ЗБОРУВАМЕ – ЗБОРУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
НИЕ ГО ЗНАЕМЕ НАШЕТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО И НАШАТА ИСТОРИЈА
И било каква одлука да донесе утре Бугарија во врска со почетокот на преговорите со ЕУ, цела Европа знае кои сме и што сме!”
-јасно и гласно соопшти Николоски од собранието на Советот на Европа посочувајки дека Бугарија заради политички причини но и поради предизборни причини го блокира отварањето на претпристапните преговори за Македонија.


