Рибарите во северниот дел на Норвешка забележале кит белуга, на којшто забележаа еден вид појас за кој се сомневаат дека потекнува од руската војска, според медиумите.
Најверојатно, појасот го поставила руската морнарица во Мурманск, на која пишувало дека опремата е од Санкт Петербург и дека имало држач за „го про“ камера.
„Ако китот доаѓа од Русија, а постои голема шанса дека е, тогаш е јасно дека не постои поврзаност со некаков истражувачки институт, туку е дел од експеримент на нивната морнарица“, – смета Мартин Биув од норвешкиот Институт за истражување.