Денес од Скопје се врати првата ротација на здравствени работници кои беа испратени во борба со невидливиот непријател SARS-Cov 2.
Тие пред две недели беа упатени на служба во скопските клиники и Ковит-19 центри каде што деноноќно се бие битка со заразата со корона вирусот.
На нивно место доаѓа нова одморена екипа од Кочанската болница составена од 5 члена.
Здравствениот дом во Кочани е еден од повеќето здравствени центри низ државата кои што го ставија на располагање својот медицински персонал на скопските клиники во справувањето со пандемијата.