Откако во јавноста и на социјалните мрежи беше критикувана постапката за неинтонирање на Македонската химна за време на приемот на Алексис Ципрас во Македонската влада, а воедно Стево Пендаровски најави дека ќе се интонирала химната само во инструментална верзија, на синоќешната конвенција во СЦ Борис Трајковски, Зоран Заев внесе нова содржина во трилерот со Македонската Химна
– Ајде да покажеме дека не е точно дека сме потпишале договор со кој е забрането да се испее македонската химна. Ајде заедно со примадоната да ја испееме и текстуално. Дојдовме конечно по онаа што ни беше земено пред пет години,
-рече тој, по што заедно со оперската пеачка Весна Гиновска Илкова ги повика присутните во салата да ја испеат химната.