Вчера (четврток 03.05.2019) во попладневните часови во Општинската изборна комисија во Делчево пристигнаа доверливите изборни материјали.
Општинската изборна комисија изврши примопредавање на гласачките ливчиња и останатите изборни материјали со што течат финалните подготовки за спроведување на изборниот процес за вториот круг од Претседателските избори.
Граѓаните на гласачките ливчиња ќе имаат можност да гласаат
под реден број 2 за кандидатката Проф. Гордана Сиљановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, како и голем број на граѓани, интелектуалци и експерти.
Под реден број 3 за Стево Пендаровски кој што е кандидат на СДСМ, ДУИ и нивната владина коалиција.
Врз основа на поднесени 44 нови барања за гласање во домашни услови од страна на болни и изнемоштени лица, во саботата на 04.05.2019 година ќе можат да гласаат вкупно 236 лица во своите домови, за која цел мќе бидат посетени од соодветните избирачки одбори.
Во недела на 05.05.2019 година во Делчево ќе имаат можност да гласаат вкупно 14.673 избирачи во вкупно 36 избирачки места во општина Делчево.