Членови на семејството, делегација од Општина Зрновци предводена од градоначалникот на Зрновци, Блаже Станков, делегација од Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ од Кочани предводена од Претседателот Миле Лефков, делегација од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Виница предводена Даниела Христова со полковникот Драган Ковачки, делегација на ВМРО-ДПМНЕ од Зрновци предводена од Претседателот Борчо Коцев, како и делегација од АРМ денеска положија свежо цвеќе на бистата на Македонскиот бранител Синишa Стоилов.
Одбележувањето на денот на патронот на ОУ “Синиша Стоилов” од Зрновци по повод 19 години од смртта на Македонскиот бранител чие име го носи училиштето, се реализираше во холот на самото училиште каде стои поставена неговата биста.
Синиша Стоилов 31 август 1965 – 10 јуни 2001) бил македонски бранител, капетан на АРМ, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 јуни 2001 кај кумановското село Слупчане од 120 мм граната испукана од страна на терористите на ОНА.
Синиша потекнува од семејството Стоилови, од татко Стоимен, роден во Мородвис, и мајка Љубинка, родена во Зрновци. Татко му бил офицер во ЈНА, и од тие причини често го менувале местото на живеење. Роден е во градот Бенковац, Хрватска, на 31 август 1965 година. Во 1970 година татко му добива служба во Куманово, каде и го започнува своето основно образование. Во 1975 година, заедно со својата мајка и сестра се преселуваат да живеат во Скопје каде го продолжува своето школување. Од мала возраст постојано го посетувал родното место на своите родители Зрновци и Мородвис и секое слободно време го користел за дружење и играње фудбал со своите врсници.
Слава му!