Сместувачките капацитети на охридско-струшката ривиера за претстојните Велигденски празници се исполнети околу 70 отсто.
Првиот човек на хотелиерите очекува одлична туристичка сезона што ќе ја надмине минатогодишната.
Најбројни гости на ривиерата и годинава ќе бидат Холанѓаните и Белгијците. Има пад кај туристите од Турција, но нивното намалување го покрива растот кај оние од Полска.
Овој период на охридско-струшкото крајбрежје се застапени семинарите, а по велигденските празници, односно од 7-ми мај, почнуваат првите групи гости од Холандија.
Сега сме во период на подготовка за претстојната туристичка сезона, која веќе е почната. Штом имаме исполнетост на сместувачките капацитети над 50 отсто сезоната е почната, а очекуваме поголема исполнетост од минатата година
-информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери Крсте Блажески.
Извор – Вечер