Во пресрет на христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица, Општина Берово веќе се подготвува за Етно Плоштад Фестивалот, кој ќе трае пет дена – од 23 до 27 август. Целта на фестивалот е континуирана промоција на културното наследство на регионот преку создавање на атрактивен културен настан на кој ќе земат учество изведувачи од различни земји од балканот.
Етно фестивалот е една од клучните алатки за промоција на Берово како атрактивна дестинација за развој на алтернативниот туризамот.
Сите посетители ќе имаат можност да проследат една исклучително богата програма со настап на голем број препознатливи музички имиња со кои ќе бидат задоволени различните музички вкусови, а сепак ќе се запази и на препознатливиот идентитет на Етно фестивалот. Оваа година Берово ви ги нуди – Џенан Лончаревич, Влатко Лозаноски – Лозано, Влатко Стефановски, Ефто Пупиновски, Синтезис и многу други.
За време на фестивалот, Етно плоштадот во Берово ќе понуди богат избор на храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.
