За народот продолжен викенд и убаво време значи карантин и опасност од зарази. За СДС значи шанса за пропаганда. Не сме исти! Иако сите политички партии се согласија да ги замрзнат своите активности за време на вонредната состојба, денес на терен од страна на СДС го гледаме сосема спротивното. Повторно го покажаа своето лицемерно лице. После делењето на партиски хумантарни пакети кои вопрочем беа поткуп на гласачи, денес СДС беа впуштени во нова пропагандна активност. Претставници од СДС заедно со кандидатите за пратеници од ИЕ 3 делеа пропаганден материјал закриени под превезот дека делат заштитни маски. Провиден и неуспешен ПР. Се поставува прашањето што се поразлични СДС од останатиот народ? Зарем за нив не важи вонредната состојба и опасноста од групирање, контакти еден со друг и сл, а со тоа и опасноста од ширење на зарази? Ова е само уште еден доказ дека СДС ја интересира само алчноста и желбата да владеат. Граѓаните никогаш не биле во прв план за нив. Тие граѓанте ги сметаат како алатка за манипулација, како средство со кое доаѓаат на власт, а потоа ги забораваат. Јасно им порачуваме, дека се прочитани, и дека ова нема да помине! Граѓаните добро ги научија СДС дека се партија на лагата и ниту една нивна активност нема да ги извлече од пораз на избори. Штип и штипјани тоа најдобро ќе им го потврдат на првите избори кога ќе им испорачаат досега најубедлив пораз.
Јорданов: Кандидатите за пратеници на СДС од ИЕ 3 делеа пропаганден материјал закриени под превезот дека делат заштитни маски


