• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Ова е интегралниот текст на Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето ан Гоце Делчев која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе до Собранието

февруари 4th, 2022 Македонија, Политика коментари 569

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Ова е интегралниот текст на Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето ан Гоце Делчев која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе до Собранието

Како што претходно беше најавено од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во 1872 година, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе Декларација за усвојување во Македонскиот парламент по повод 150 годишнината од раѓањето ан Гоце Делчев.

Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на овој документ џад кој што треба да се обедината ситѕе политички субјекти во државата.

“Тргнувајќи од одредбите на Уставот на Република Македонија, а особено од деловите на преамбулата кои се однесуваат на „жртвите и посветеноста на предците во заложбите и борбата за создавање самостојна и суверена држава“, како и на „традицијата на Крушевската република“;

Обединети во намерата за натамошна афирмација на најшироко прифатените вредности за слобода, демократија и соработка помеѓу народите и државите;

Одлучни во настојувањата за уште поголемо унапредување на солидарноста, разбирањето и единството на сите граѓани во државата;

Свесни дека единствено преку достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можеме дополнително да ги зајакнеме демократските темели на државата и на општеството;

Приклучувајќи се кон обележувањето на значајните настани и истакнатите личности во 2022 година;

Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на ___ година, донесе

 ДЕКЛАРАЦИЈА

ПО ПОВОД 150 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

  1. Констатирајќи го огромното, недвосмислено и широко прифатено значење на ликот и делото на големиот македонски син Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) во остварувањето на целите на народна епопеја за слобода и независност, ние пратениците на Собранието, со оваа Декларација натамошно го афирмираме наследството, улогата и значењето на оваа, без сомнение централна личност од македонската историја.
  2. Имајќи ја во предвид големината на Делчев како идеолог и борец за остварување на целите на македонското ослободително дело, ги повикуваме електронските медиуми во државата, во рамките на можностите, во текот на 2022 година да интегрираат во програмата пригодни содржини со кои ќе се афирмира овој јубилеј.
  3. Констатирајќи го високо моралниот и демократски карактер на ставовите на Делчев, ја повикуваме државната компанија за поштенски услуги, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да издаде поштенска марка со која ќе се одбележи овој важен јубилеј за македонската држава.
  4. Антиципирајќи го вонременското значење на силните заложби на Делчев за соработка и за натпревар помеѓу народите, ги повикуваме Институтот за национална историја и Македонската академија на науките и уметностите, во согласност со своите надлежности, во текот на 2022 година да организираат соодветни настани и да реализираат соодветни проекти со кои ќе се одбележи 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
  5. Акцентирајќи го длабоко моралниот карактер на ставовите на Делчев како учител, народен трибун и револуционер за соработка, за толеранција и за соживот, го повикуваме Министерството за образование и наука во текот на 2022 година, во согласност со своите надлежности да преземе активности со кои на одделенските часови во основните училишта ќе се информираат учениците за ликот и делото на оваа личност од македонската историја.
  6. Согледувајќи ја потребата од постојано препрочитување на најважните поглавја од животниот пат на Делчев, се задолжува Националната установа Музеј на македонската борба, во рамките на своите надлежности и можности, во текот на 2022 година да спроведе соодветни активности и да реализира соодветни проекти со кои ќе се зацврсти споменот на граѓаните за ликот и делото на оваа важна историска личност.
  7. Декларацијата ќе се достави до Владата, Институтот за национална историја, Македонската академија на науките и уметноститеи до Националната установа Музеј на македонската борба.
  8. Оваа декларација ќе се објави во „Службен весник на Република Македонија“.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Ѓорѓи Николов Делчев (1872-1903) е една од централните личности која со својот личен пример, достигнувања и заложби остава трајнаи неизбрилшлива трага во македонската историја.

Имајќи го во предвид споменатото, во контекст на фактот дека во 2022 година се одбележуваат 150 години од раѓањето на овој, без сомнение најголем трибун на македонското револуционерно дело, сметаме дека е особено важно Собранието да донесе декларација со која на еден организиран и достоинствен начин ќе се оддаде почит и натамошно ќе се зацврсти сеќавањето на граѓаните во однос на важноста на делото и на наследството на Делчев.

За таа цел, обзнанувајќи ја нејзината содржина на денот на неговиот роденден, а во духот на демократските вредности кон кои сме силно приврзани, со оваа декларација се предвидува повеќе државни институции, во согласност со своите надлежноси и можности, во текот на 2022 година да преземат активности, односно да реализираат проекти со кои на еден достоинствен начин низ призма на големината и значењето на делото на Делчев, ќе ги афирмираат вонвременските и универзалните вредности на оваа носечка личност во македонската историја.”

-стои во Декларацијата.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава ВМРО-ДПМНЕ: Сите надлежни државни институции, да спроведат активности и проекти со кои ќе се зацврсти споменот на граѓаните за ликот и делото на Гоце Делчев
Следна објава Заврши посетата на Ковачевски на Брисел со повторно уверување дека преговорите за членство во ЕУ треба да започнат наскоро
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 721
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 675
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1329
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 608
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 703
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 373
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 683
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

570
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1146
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1499
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201919
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.