Обраснати делови од патот создаваат безбедносни проблеми за сите возачи но и пешаци кои што го користат регионалниот патен правец Делчево-с. Бигла- Виница кој што минува низ делчевското село Бигла.
Ваква е сликата подолг временски период наназад, за што во јавноста реагираат и мештаните чии што безбедност и животи се загрозени со ваквите услови на патот.
Надлежноста за одрѓувањето на патот е на централната власт и Јавното претпријатие за државни патишта.
Жителите од село Бигла апелираат ваквата состојба да се надмине што е можно побрги од страна на оние кои што земаат плата од буџетот на граѓаните за да си ја сработат оваа работа.