Вработените на Јавното Претпријатие “Исар” од Штип тековно работат на одржување и чистење на јавните површини во градот.
Парковите и површините околу нив се приоритетни во чистењето и одржувањето во справување со паднатата лисна маса која што лесно може да ги запуши одводните канали и шахти во услови на поголеми врнежи на дожд.
Во текот на вчерашниот ден вработените во секторот за јавна чистота работеа на расчистување на пешачки патеки и тротоари кои служат за пристапи кон колективни станбени згради на улицата “Сремски фронт”.
Ваквите редовни активности продолжуваат да се обавуваат редовно и во претстојниот период во пресрет на неповолните временски услови кои што се одразуваат неповолно врз комуналната инфраструктура.