Во текот на вчерашниот ден во попладневните часови механизирани екипи со целиот свој капацитет беа присутни на терен во расчистување на последиците од невремето кое ги зафати населените места и патните правци во општината Македонска Каменица.
“Со вклучена крупна механизација екипите на ЈП Камена Река, до доцните попладневни и вечерни часови, беа вклучени во интензивно чистење на водените наноси и талози, настанати од поројните обилни дождови кои денеска го зафатија село Саса.”
-соопштија од менаџментот на ЈП “Камена Река” од Македонска Каменица.