Адвокатот Владимир Панчевски кој што е поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1 пред извесно време поднесе тужба пред судот за човекови права во Стразбург против Република Македонија и Специјалното и Основното Јавно Обвинителство за кои адвокатот вели дека се инструменти на актуелната власт.
Тој на својот фејсбук профил соопшштува дека е уважена првата тужба во прелиминарна фаза до Судот за човекови права во Стразбур во врска со незаконитостите на СЈО, и втората тужба за незаконитостите на ОЈО Скопје ја има поминато првата прелиминарна фаза.
Ова е неговиот коментар по тој повод :
Борбата продолжува, покрај уважената прва тужба во прелиминарна фаза до Судот за човекови права во Стразбур во врска со незаконитостите на СЈО, сега и втората тужба за незаконитостите на ОЈО Скопје ја помина првата прелиминарна фаза!
Тужбите се против Република Македонија и овие две институции – обвинителства кои докажаа дека се инструмент на власта против граѓаните, Македонија стана држава со срушен и уништен правен систем и клиентелистички институции кои секојдневно ги бојкотираат и повредуваат правата на граѓаните. Затоа и јас БОЈКОТИРАМ ваков правен систем на власт и институции каде политиката е над правото! Бојкотирам на нај демократски начин изразено преку моето право на глас!
Почитувани пријатели верувајте во правдата, кога тогаш таа доаѓа по своето!
-напиша на фејсбук Панчевски.