Градоначалникот и Подпретседател на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Митко Јанчев оствари средба со г-дин Метју Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД за Европа и Евроазија и Н. Е. Амбасадорот г-дин Џес Бејли. Ова е втора посета на Амбасадорот на САД во Општина Кавадарци во изминатите неколку месеци а прва посета на г-дин Метју Палмер политичар од највисок ранг што ја посетил Општина Кавадарци. Се разговараше за актуелните политички теми и за развојот на Општина Кавадарци.