На седница на Главниот одбор и Собранието на Партијата на пензионерите е донесена одлука оваа партија да учествува на Локалните избори на рамноправна осново во рамки на коалицијата предводена од СДСМ.
Исто така донесена е одлука на локално ниво да се интензивираат активностите за реализирање на клучните цели од Програмата за работа на ПП, која е платформа за политичко дејствување на партијата во период 2020 – 2030 година.
Партијата на Пензионерите на Македонија чиј претседател е генерал-мајорот во пензија Илија Николовски по потекло од с. Панчарево, пехчевски, учествува во парламентарното мнозинство кое ја поддржува владата на Зоран Заев.


