На делчевчани и сите останати потенцијални туристи им е оневозможено правото да уживаат во зимските убавини на планината Голак.
Регионалниот пат Делчево-туристички локалитет голека во моментот е неисчистен од обилните врнежи на снег, за што сведочат повеќе граѓани кои на своите фејсбук профили објавија фотографии од нерасчистениот пат.
Проодноста по патот е возможна само за посилни теренски возила.
Туристичкиот локалитет голак е еден од најголемите туристички потенцијал за локален економски развој ан Делчево.
Но со ваква пракса и игнорантски однос на надлежните институции тешко дека може да се очекува било каков развој на локалитетот.
Патот до Голак најверојатно ќе го расчистат кога ќе се стопи снегот! pic.twitter.com/24yvCKSpcI
— Reevolucioner (@reevolucioner) January 10, 2019


