Во партиска колумна потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов објавена на интернет страната на партијата зборува за омразата и поделеноста која постои помеѓу граѓаните во државата. За потпретседателот Перо поделбите се ретроградни процеси кои ги радикализираат односите во дрржавата. Исто така тој вели дека поларизацијата на општеството ја нарушува благосостојбата на граѓаните
“Веќе подолг период, како граѓани сме сведоци на неколку ретроградни процеси за нашата држава, неспоива поделба во општеството по неколку основи и центри во јавниот простор кои истата ја мултиплицираат и продлабочуваат. Се работи за процеси кои колуминираат, траат предолго и ги радикализираат односите во државата.
Поларизацијата во општеството го разградува севкупниот напредок и ја нарушува благосостојбата на граѓаните. Овде особено сакам да ja нагласам поделбата пропратена со нерационална омраза на јавниот простор, преку дебатни емисии, отворени програми и се разбира на социјалните мрежи како најмасовна алатка за комуникација.”
-пишува на почетокот од својата колумна Перо Костадиновски.
“Омразата е евидентна, длабоко вкоренета и тешко поднослива. Истата, нанесува исклучителна штета на личната, социјалната и националната благосостојба. Сведоци сме на секојдневно обвинување на цела група луѓе, по различен основ, повици за нивен линч и максимално отровен јазик кон различниот од себе. Сето тоа, без грижа за последиците, без желба да се разбере другиот и со неверојатна леснотија и неодговорност кон изговорениот збор.
Нетолеранцијата, агресијата и говорот на омраза се доминантна појава на социјалните мрежи, а најголеми иницијатори на овој вид комуникација се неодговорните политичари, некои медиуми, а особено некои од порталите, како и останатите креатори на јавно мислење преку начинот на јавно изразување ставови и најчесто свесно поттикнување говор на омраза и агресивно однесување во јавноста. Како последица на ова го имаме ширењето на омраза и агресијата во онлајн дискусиите на социјалните мрежи и медиумските сајтови.
Она што е особено загрижуважчко, е фактот што дел од медиумите и дел од политичарите ефикасно ја привлекуваат публиката со ваквиот начин на комуникација, а истовремено го зголемуваат и прагот на толеранција во јавниот дискурс, кон ново дно. Чувството на омраза, непријателство и нетрпеливост кои се поттикнати од овие центри, не само што предизвикуваат агресивни коментари, туку се опасност да доведат до агресивно однесување и непоправливи последици. Некои медиуми, а посебно некои портали поттикнуваат говор на омраза поради можноста преку истиот брзо да заработат. Креираат вести за голем број кликови и на тој начин се обидуваат да профитираат, но и да имаат влијание. Истото се случува и со одредени политичари, само од други побуди. Некои политичари преку истиот проверен концепт, потпалуваат пошироки маси, јакнат влијание и го користат како алатка за доаѓање на власт.
Опозицициските партии и денес го користат овој метод и го продлабочуваат раздорот на националното ткиво, како алатка за доаѓање на власт. Патот до изборна победа не смее да биде втемелен на разградување на единството и вбризгување отровен антагонизам меѓу граѓаните. Лидери се оние кои обединуваат, подаваат рака на секој човек и посветено работат на заедништвото и севкупниот просперитет.
Се разбира дека има и такви кои тоа го прават несвесно, поради незнаење, од непрофесионализам или неодговорност. Но, и при такви околности, последиците по кредибилноста на двете професии, како и по целокупното општество се енормни и неретко непоправливи.
Неопходно е да ставиме точка на ова појава која разорува и конечно да го заштитиме здравото ткиво на нацијата. Одговорноста е на сите граѓани, но особено на креаторите на политики и информации. Мора што побрзо да се спротиставиме, системски да се соочиме и конечно да ги зауздиме трендовите кои се со сомнително потекло и финансирање, а се разбира и со антидржавни цели.
Како луѓе пак, неопходно е да покажаме толеранција кон сечиј став и да го почитуваме различниот од нас. Ако сакаме другите да ги слушнат и разберат нашите проблеми, ние треба да ги разбереме и слушнеме нивните, треба да си ги отвориме срцата и да слушнеме како е да се биде во кожата на некој што го мразиме, да се обидеме да го разбереме и да се прифатиме во различностите.”
-стои во колумната на потпретседателот на СДСМ ПЕро Костадиновски.