Младиот Петар кој што стана вирален хит на социјалните мрежи откако јавно преку видео соопшти дека не јаде грашок за време на неговите планинарски активности, туку пред се претпочита бурек, сега има ново видео во кое што се гледа дека сепак тој сакал-нејкел јаде грашок манџа.
Дали ваквата постапка на Петар е изнудена од некој од неговото семејство или сепак сугестијата на Снеже која што им беше водич на планинарскиот марш во претходното видео вродила со плод е прашање кое веројатно само Петар може да го одговори