ЗАТВОРАЊЕТО НА ПАНДОРА.
Во последно време сѐ повеќе се размислува дали Пандорината кутија да се отвора или затвaра. Ако се отвора, колку да се отвора; ако се затвaра, колку да се затвaра?
Затоа, мислам дека најдобро е, наместо да се затворува/отворува кутијата, да се затвори Пандора.
И решен проблем, бидејќи на што личи ова секојдневно отвори-затвори? Несериозна работа брате, па тоа ти е!

Пишува: Љубомир Цуцуловски, Проф. Д-р


