Откако политиките на Зоран Заев и СДСМ доживееја убедлив пораз од жителите на Македонска Каменица на изминатите Предвремени парламентарни избори на 15 јули, денеска Зоран Заев немаше храброст да се појави помеѓу самите рудари од ова мало рударско гратче во источна Македонија кое го празнува денешниот голем христијански празник. Наместо тоа опкружен единствено со партиски функционери на СДСМ Зоран Заев избра да се дружи со раководните лица на рудникот Саса во чии што јами граѓаните на Македонска Каменица секојдневно пожртвувано го вадат својот тешко спечален леб.
Притоа без ни малку почит и срам Зоран Заев со своите функционери упати честитки до жителите на Македонска Каменица без да појдат да ги погледнат во очи самите рудари и да ги прашаат како преживуваат во актуелната криза на која не и се гледа крајот. Oпкружен со свои партиски функционери и активисти на СДСМ читајки напишано обраќање од лист хартија Зоран Заев порача:
“Денеска на Денот на рударите 28 август испраќам честитка но и благодароност до седумстотини рудари кои работат овде во рудникот САСА во Македонска Каменица, но и до сите кои се бават со оваа важна и тешка професија.
Почитувани рудари, вашата макотрпна и благородна работа за сите нас е мотив да работиме уште повеќе напорно и посветено во ваш интерес, во интерес на сите граѓани.
СДСМ во изминатите три години покажа што значи вистинска грижа за рударите и рударството како значајна индустриска гранка во нашата економија.”
-соопшти Зоран Заев од Македонска Каменица.
фото извор: sdsm.org.mk