Вработените на Јавното Претпријатие “Стипион” Штип во текот на вчерашниот ден работеа на повеќе локации на уредување и санирање на делови од урбаната опрема во градот, санација на ударни дупки и прекопи во населбата Македонка како и бележење на хоризонтална сигнализација за паркинг места во општината во функција на граѓаните.
“Дневни активности на Стипион 21.07.2022
Санирање и бетонирање на прекопи во населбата Македонка
Припрема за осветлување на патеката бетонирање на стопи од 8ми Ноември до населбата Балканска
Поставување на бандери на патеката од 8ми Ноември до населбата Балканска
Поставување на метални столбчиња на тротоарите во населба 8ми Ноември
Обележување на паркинг места на територијата на Општина Штип”
-стои во извештајот за работа за ден 21.07.2022 година на ЈП “Стипион” Штип