Во овие летни горештини еден од главните приоритети на комуналните претпријатија на истокот во државата е обезбедувањето на квалитетна вода за домаќинствата.
Јавното претпријатие “Солидарност” од Виница тековно интензивно работи во оваа насока, преку санација на дефекти кои што се јавуваат на поедини водоводни линии, како и приклучување на нови коирисници на водоводната мрежа.
“Дел од дневните активности на ЈП „Солидарност“ 26.07.2022 година:
Крпење на ровови направени при сечење на асфалт за отстранување на дефект на водоводната мрежа.
Санирање дефект на водоводна мрежа во населба Градец.
Приклучување на корисници на водоводна мрежа во с.Јакимово.
Чистење на бул. „Маршал Тито“.
Чистење на повеќе локации во градот како последица од невремето.”
-информираат од ЈП “Солидарност” Виница во рамки на нивниот дневен извештај за работа.