Мајката со неподвижен, нем поглед, полн со болка го држеше стапалото на својот син легнат во кофчегот. Несакаше да ја прифати грозната реалност која полека се ближеше.
-Се ќе ти прости мама, Никола. Се, тивко повторуваше. Додека јас стоев спроти неа, со знамето во раце и очи полни солзи. Наоколу комитите плачеа. Сите плачевме. Женските крици ви го распаруваа срцето. А на сликата Никола се насмевнуваше како да сака да ни каже: без грижи браќа и сестри Македонци. Јас одам на едно подобро место од каде што сигурно ќе ве чувам…
Наеднаш попот даде знак. Гробарите го затворија кофчегот и полека го спуштија во земја. Се слушна силен плач кој одекна до небото. Понатаму, не се сеќавам. Но знам дека плачев.


