• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Граѓани

Потресно сведоштво на голготата која Докторка ја преживеала во Здравниот дом во Виница

јануари 3rd, 2020 Граѓани, Регион коментари 1061

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Потресно сведоштво на голготата која Докторка ја преживеала во Здравниот дом во Виница

На социјалните мрежи се појави пишано сведоштво на поранешна вработена докторка во Здравниот дом во Виница.

Од напишаното може да се прочитаат и дознаат потресните моменти кои што оваа млада докторка ги проживеала додека се обидувала трајно да си го реши статусот на вработување.

во продолжение во целост го пренесуваме нејзиното сведоштво:

“Овој пост е за сите кои сакаат да се запознаат со начинот на кој функционираат Болниците и Здравствените Домови низ Р. Македонија.

После 7 месечна работа (со договор на дело) на Итна помош во Здравстен дом Виница, г-динот Директор на крајно расипан начин во разговорот од ова утро ми даде до знаење дека веќе не сум потребна на тоа работно место, со изговор дека не сум се одлучила дали сакам да останам таму, а на него како Директор не му личело да моли никој и дека слушнал трачеви низ Здравствениот Дом дека сум сакала да одам во Америка (апсурден изговор нели?!?). После неколку наврати откако имав почнато со работа таму во кои му кажав дека сакам да останам на тоа работно место и сакам решение, тој утрово ми вели дека не сум му дала конкретен одговор (веројатно требаше секој месец да му праќам писмена изјава за да биде сигурен дека нема да го напуштам работното место). Откако во првата недела од август ми рече дека ќе може да ми даде решение, дури и за специјализација зборевме, до крајот на октомври го немаше никаде (веројатно се беше предомислил за изговореното), тогаш дојде кажувајќи ми дека пуштил конкурс за Доктор, но за една личност која само што почна да доаѓа на работа (после мене), притоа нагласувајќи ми дека конкурсот е за неа.

Веројатно на сите ви е јасно дека станува збор за партиско вработување.

На дотичната и беше дадено решение за работа, а јас останав со договор на дело до 31ви декември. Од средината на декември почнав да ги користам слободните денови кои ги имам, а г-динот Директор тогаш доставил барање до Министерството за вработување на нови Доктори, без да има обзир дека мојот договор завршува и дека останувам без работа. Утрово јасно ми даде до знаење дека веќе не сум потребна, а тој ќе вработи нови Доктори (веројатно уште некој како дотичната на која и даде решение партиски). Само сакам да му кажам фала што ме остави без работа за време на празниците и тоа во период кога знае дека никаде нема да има огласи за работа поради предстоечките избори. Кога г-динот бараше Доктори, а немаше во тој момент кој да вработи, јас прифатив од Кочани да работам таму (со договор на дело), работев цело лето кога другите користеа одмори, секој викенд бев на работа, никогаш ништо не ми беше тешко (и покрај тоа што не бев ниту осигурана, без стаж и без да ми се плаќаат прекувремени саати). Откако на дотичната и се подари решението, односот спрема мене беше променет и веќе ми беше јасно во која насока се движат работите. Сега веќе нема да сум му трн во око, така да слободно може да продолжи да подарува решенија (партиски), баш ме интересира до каде ќе го доведе Здравстениот Дом. И после никој да не се чуди зошто младите Доктори бегаат во странство (особено тие што не сме партиски определени и не сме заинтересирани за политика). А пациентите да не очекуваат многу, затоа што Болниците и Здравствените Домови станаа епицентар на политика и политички партии, т.е. места каде што политиката е на прво место, а медицината на последно. Знам дека многу луѓе ќе го прочитаат постот, ама нема јавно да ме подржат од разни причини, ама не е важно. Важното нешто беше луѓето да се запознаат со само мал дел од тоа низ што поминуваат младите Доктори, и зошто се решаваат за странство наместо тука.

За крај само едно може да му кажам на г-динот: ИМА ГОСПОД!”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Документарен филм на Боб Бат - Како е создаден познатиот коктел „Long Island“
Следна објава Патувате за Скопје? Имајте предвид дека паркингот поскапува за 20 мкд/час!
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 436
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 643
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 605
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 698
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 639
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 493
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1492
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 431
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 651
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

611
Маж на денот
Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

Џош Гробан - Најмилозвучната дарба преточена низ едно грло

1640
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Словенските пожарникари денеска гасеа пожар на куќа во Берово. Најдобро да си ги "посвоиме" засекогаш
Регион

Словенските пожарникари денеска гасеа пожар на куќа во Берово. Најдобро да си ги "посвоиме" засекогаш

Авг 12th, 202118
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.