Со Одлуката за измена на годишен план за вработување во ЈП “Солидарност” Виница во 2021 година, работното место Управувач на градежни машини се заменува со позицијата “Возач на директорот”. Одлуката ја донел Управниот одбор на јавното претпријатие во Виница на седница одржана пред некој ден, по што истата се нашла пред советниците во општинскиот Совет за усвојување.
За ваквата Одлука свој став во јавноста упатија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Виница за кои приоритетот дека шофер на директорот е поважна позиција од позицијата управувач на машина за градежни работи на актуелните надлежни власти е крајно проблематичен.
Исто така од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат за бројот на предвидени вработувања во овој план за вработувања на претпријатието за тековната 2021 година.
“ВОЗАЧ НА ДИРЕКТОРОТ
Тоа е работното место кое е приоритет на ЈП Солидарност и директорот Александар Трајков ![]()
Од ЈП Солидарност вчера побараа согласност од Советот на општина Виница за измена на годишниот план за вработување на ЈП за 2021 година со која бараат работното место Управувач на градежни машини да се замени со ВОЗАЧ НА ДИРЕКТОРОТ ![]()
Во истиот план за вработување се предвидени 16 нови вработувања за 2021 година ![]()
Минатата година предизборно во еден ден вработија 17 луѓе ![]()
Дополнително последните 2 години за привремени вработувања потрошија речиси 200.000 евра ![]()
И сето тоа во презадолженото и превработено ЈП, кое патем за 3 ипол години го задолжија за 7.000.000 денари
“
-стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Виница пренесена преку социјалните мрежи.


