Драган Ковачки денеска излезе со свој коментар во врска со апелите на Стево Пендаровски за обединување на македонскиот народ околу идеалите на Илинден и АСНОМ.
Откако како пратеник Стево Пендаровски гласаше во парламентот за бришење на Одлуките на АСНОМ од Уставот на Република Македонија сега од позиција на Претседател повикува на обединување на Македонскиот народ зад тие одлуки.
За Драган Ковачки политичари како Стево, Зоран, Радмила, Али и Талат немаат кредибилитет и легитимитет да зборуваат за обединување на народот чија што волја и интереси претходно ги погазија.
“Ова веќе станува дегутантно.
Човек да се запраша од каде им сила и образ за повикување на единство и славење на Илинденските и АСНОМ-ските идеали. Ајде Претседателе на “нашата земја”, малку потсетете се кои беа Илинденските и АСНОМ-ските идеали и потсетете се кој ги погази. Потсетете се кој е тој што прави поделби во општеството, кој на Македонци им суди за тероризам, кој ги отвори идентитетските прашања, кој овозможи да не’ нарекуваат северномакедонци, а јазикот да ни го нарекуваат северномакедонски.
Потсетете се и кој гласаше Одлуките на АСНОМ да се ИСФРЛАТ од Уставот и да се заменат со Проглас…(чинам во тоа време бевте пратеник, не?)
И сега, откако со Заев (за кого сами тврдите дека сте исти и тоа 102 посто) ја отворивте пандорината кутија, повикувате на сплотување околу тие идеали што ги погазивте?!
Сплотување и обединување – ДА, но Вие, Заев, Шекеринска, Ахмети и Талат за такво нешто немате ниту кредибилитет ниту легитимитет!”
-напиша Драган Ковачки на фејсбук.


