“Еден новинар ме праша по што ќе се разликуваат министрите и замениците на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада од оние на СДСМ?
Му одговорив дека има повеќе крупни разлики, но една, која би ја посочил како суштинска е тоа што министрите на ВМРО немаат ниту една слика со Боки 13, а тоа кажува многу.
Тоа кажува дека Владата ќе има министри, веројатно единствени во тој состав на владата кои не се сликале, не кумувале и не договарале рекет со Боки 13.
Наспроти сето ова, со незамислива леснотија ни ги протнуваат приказните за наводното филантропство на Филипче кој договарал болници во домот на Боки 13, за Шекеринска која како вицепремиерка имала сеанси со шоуменот Боки 13 и редица други во владата на Заев.
Разликата е и во тоа што луѓето на ВМРО-ДПМНЕ се и врвни професионалци од кој нема да слушнете дека на едно семејство му се доволни 17.000 денари за да има добар живот во месецот, или пак арогантно да кажувате како има пари за колачи во време кога народот трпи за леб. Со милениче од 3.000 евра во рака да не убедуваат дека животот цвета, и колку одиме напред, или да парадираат предновогодишно со мафините на Мила и Коста кога најголем дел од народот води борба што да стави на трпезата за да помине пристојно за празниците.
Работите мора да се сменат, оние кои носат порази мора да се поразат. Македонија мора да се избори за квалитет и промени. Вистинските луѓе на вистинските места. Таква Македонија заслужува нашиот народ.”
-фејсбук статус на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев